(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Од:

Голема измама на интернет кружи во Македонија. Се врбуваат луѓе од земјава за да добиваат пари, само со заследување на YouTube канали, со што се намамуваат во мрежа каде што треба да даваат пари, за да добиваат повеќе. Но, кога ќе дојде до исплата, луѓето кои ги намамуваат граѓаните, ги снемува.

Еве како тече целата шема: Американски броеви на апликацијата WhatsApp во поход по жртви од Македонија и Балканот – Нудат од 100 до 300 долари дневно за заследување на YouTube канали, а доказ за завршената задача се едноставно скриншотови од кликот на копчето за заследување. „Задачите“ ги даваат преку апликацијата Телеграм, каде има опција да се прикрие телефонскиот број и да не се знае од каде е контактот со кого се води разговорот, а истовремено се работи и за апликација која е речиси невозможно да даде информации на властите доколку се покрене некаква постапка.

Но, во реалноста, тоа не функционира така. А1он влезе во една таква група и два дена ги скенираше состојбите, како работи оваа шема. Со првиот клик се исплаќаат по 5 долари од човек, за да покажат дека навистина може да се заработи. Потоа, почнува да излегува вистинскиот начин како се работи – Се делат повеќе задачи, дел од нив насловени како „ВИП“,, а за кои секој кој сака да „заработи“ треба прво да плати, но и дел кои се претставуваат како бесплатни. Доколку не се изработат „ВИП“ задачите, сумата опаѓа, па наместо дневната „заработка“ која ја претставуваат од 100 до 300 долари, пари нема да се добијат, само затоа што „незадолжителните“ ВИП задачи се всушност задолжителни. Во групите, има и луѓе кои со скриншотови покажуваат дека уплатиле и добиле пари назад. Секако, тие имиња се американски, а не балкански.

Потоа, следува следниот чекор – доколку еднаш се уплатат 50 долари за наводно да се вратат 65, сумата која треба да се уплати се зголемува за следното уплаќање, и така во недоглед. Но, откако некој ќе се побуни дека ги нема добиено парите назад, таа порака се брише и тој човек исчезнува од групата, чие име на Телеграм, секојдневно се менува.

Дел од луѓето од Македонија кои биле контактирани за А1он велат дека добиле и веб страница, како доказ дека компанијата постои. Се работи за „СмартКлик“, македонска компанија со седиште во Струмица од која за А1он велат дека се злоупотребуваат нивното име и веб страница за да се убедат луѓето дека всушност се вистинска компанија.

„Злоупотребено е името на нашата компанија. Ние се обидуваме да го спречиме тоа, пријавуваме на Телеграм и WhatsApp. Не сме само ние, се злоупотребуваат и други компании“, ни одговорија од „СмартКлик“ во телефонски разговор.

Другата компанија пак за која луѓето кои ги водат овие шеми тврдат дека работат со оптимизација е наводна „Сигниус Интернешнал“, а која на пазарот не постои. Токму оваа е компанијата која ни беше претставена од извесен Адам, кој се претставува како шеф на одделот за човечки ресурси. Други луѓе пак, биле контактирани од некој кој се претставува под името Беки и која го користи името на струмичката „СмартКлик“.

Првата исплата, А1он ја доби од 5 долари. А потоа, еве како течеше разговорот со сметката на Телеграм, насловена како „Рецепционер Лара“:

Лара: „Ја достигнавте вашата прва плата која може да се повлече, која изнесува 10 долари.“
А1он: „Ги направив сите задачи на време, рековте дека по 15 задачи, ќе се исплатат 100, а не 10 долари“
Лара: „Прескокнавте задачи. Можете да изброите“
А1он: „Да, но рековте дека ВИП задачите не се неопходни“
Лара: „Да, но ако не се исполнат, како мислевте дека ќе се сметаат?“

Како што има и различни фирми кои се претставуваат како можност за богатење преку ноќ, така и има различни платформи кои се користат за „префрлање“ на парите, како на пример апликацијата Бинанс.

Продолжува….

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Втора измама за биткоини во Куманово за само една недела

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Измамник од Тетово зел автомобил од познаник и го продал

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра