Директорот и заменик директорот на Директоратот за Западен Балкан во Советот на Европа Јонас Јонсон и Теркел Петерсен денеска во Тетово се сретнаа со претседателот на Семократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети.
Според соопштението од ДУИ, Ахмети ги информирал соговорниците за неговите посети во Атина, Софија,Тирана, Берлин и САД и за разговорите со посрединикот на ООН за прашањето за името Метју Нимиц. Истакнал дека регионот има потреба од оддржливи политики, дијалог, компромис и помирување.
– Истовремено, Ахмети побара директен ангажман од Европската Унија во решавањето на прашањето со името затоа што овој спор не е билатерален проблем, туку бара максимална ангажираност на меѓународната заедница, по примерот на Косово и Србија, се вели во соопштението.
Претставниците на ЕУ, според соопштението, нагласиле дека агендата на Брисел за регионот е охрабрувачка што ги вклучува и односите помеѓу Косово и Србија, напредокот на Албанија и Црна Гора, како и политичкиот дијалог во Босна, се вели во соопштението.