Новак Ѓоковиќ во едно од неодамнешните интервјуа беше запрашан за неговиот став за вакцините.
Со својот одговор на оваа тема може да се каже дека Ноле им ги затвори устите на сите критичари и „хејтери“. Имено, по пандемијата на вирусот Ковид, тенисерот не сакаше да ја прими вакцината, која долго време го држеше надвор од терените и му создаваше бројни проблеми на разни турнири, а сето тоа кулминираше со заминувањето од Австралија.
NEW – Tennis champion Novak Djokovic: "I'm not anti-vax. Nor I am pro-vax. I'm pro-freedom to choose."pic.twitter.com/rqBMsmr3Xj
— Disclose.tv (@disclosetv) December 9, 2023
Сепак, во последното интервју тој истакна дека не е ниту за, ниту против вакцината. Тој истакна дека секогаш ќе ја поддржува филозофијата на избор.
„Луѓето се обидуваат да ме прогласат за антиваксер. Јас не сум ни антивваксер, ниту сум проваксер, јас сум за можност за избор“, изјави Новак Ѓоковиќ за емисијата 60 минути.
За потсетување, Новак на тренинзите ќе им се врати на 10 декември, како што најави неговиот кондиционер, а првиот егзибициски меч со Алкараз треба да го има на 27 декември, по што ќе учествува на Купот на Јунајтед во Перт.