Иран најавува напредок во преговорите со Западот за нуклеарната програма

Од:

Шефот на иранската Организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи најави дека во следните шест месеци ќе биде постигнат напредок во преговорите меѓу Техеран и Западот околу иранската нуклеарна програма.

– Оваа година, во следните месеци, ќе бидеме сведоци на отворање на ова прашање. Очекуваме во следните месеци да се види почетокот на излезот од проблемот во врска со нуклеарното прашање на Иран, истакна Салехи.

Западните сили и Израел го обвинуваат Иран дека развива нуклеарна ракетна програма, која би можел да ја употреби во евентуален воен напад врз некоја земја, додека иранските власти демантираат и тврдат дека станува збор за програма за мирновременски цели.

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи вчера нагласи дека флексибилноста понекогаш е потребна во дипломатијата, како и дека неговите преговарачи се подготвени за нови разговори во врска со иранската нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он