Средба на Ахмети со амбасадорот на Косово, Хуса

Од:

Во седиштето на Демократската Унија за Интеграција во Тетово (ДУИ), претседателот Али Ахмети, имаше средба со амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хуса.

Ахмети и Хуса, како што соопшти ДУИ, разговарале за последната состојба помеѓу Косово и Македонија, за политичката ситуација во двете земји и во регионот, како и за евроатлантската интеграција.

Заедничка била оценката дека двете земји треба да ги развијат билатералните односи со меѓусебно разбирање и заемна помош во сите полиња, економски и политички.

Претседателот на ДУИ Ахмети нагласил дека постојаниот дијалог помеѓу Косово и Македонија е најдобра превентива за надминување на сите недоразбирања и во таа насока предложил формирање заедничка комисија за да се менаџираат сите прашања и да се унапреди дијалогот и соработката меѓу двете земји.

Принципот на добрососедство, за Ахмети и Хуса, е многу значаен и двете земји, стои во соопштението, треба да направат максимални напори за меѓусебно зближување и реализирање на реформите кои што се потребни за евроатлантска интеграција.

Ахмети и Хуса разговарале и за последните политички случувања во земјава, при што лидерот на ДУИ ги нагласил напорите на партијата за постигнување компромисно решение за прашањето со името помеѓу Македонија и Грција.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски