Заврши исказот на таткото на Вања: Негира дека давал информации на Палевски

Од:

Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски негира дека давал информации на Љупчо Палевски – Палчо за движењето на неговата ќерка и нејзините дневни рутини, што според досегашниот тек на истрагата, доведе до нејзиното киднапирање а потоа и до убиството.

За неговата инволивраност инфомрации на државните органи дале тројцата други обвинети за кои судија на претходна постапка веќе одреди мерка притвор, која пак денеска треба да биде продолжена но откако обвинителството ќе добие кривична пријава против нив поднесена од МВР.

За таткото на 14 годишната Вања вчера беше одредена мерка притвор од 48 часа, за кој обвинителството ќе бара продолжување доколку тој влезе во истрага, бидејќи за сите осомничени освен за првоосомничениот се уште се води истрага. За Палевски, се отвори истрага по итна постапка, а со цел МВР да може да ја распише меѓународната потерница.

Би можело да ве интересира

Убиецот на Ахмет Мерт Доган избега во Косово, започната е постапка за негова екстрадиција

ВИДЕО: Убиен 22-годишен турски државјанин во Стара чаршија, напаѓачот е во бегство

Катерина Ѓуровски

Завиткано тело пронајдено во река во Црна Гора, рацете му биле врзани

Млада мајка од Белград е обвинета за обид за убиство на своето бебе

Четворица мртви во Вадуц, полицијата го истражува случајот

ГУР: Експлозијата во Москва е дел од агенциска операција