На преминот „Блато“ спречен шверц на десетици дози кокаин

Од:

Албанската полиција на граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница, спречила шверц на повеќе дози кокаин, кои жител на Пешкопеа се обидел да ги прошверцува на територијата на државава.

– Лицето Рами Чела (59), е уапсен на преминот на границата со Македонија, во рамки на полициската акција „Граница“, како продолжение на мега-операцијата „Храм“ (Темпули). Полицијата го набљудуваше Чела, за кого имаше основи на сомненија дека врши дистрибуција на кокаин во близина на училишта и други објекти во Пешкопеа, стои во полициското соопштение.

Во моментот кога возилото со кое управувал Чела, пристигнало на преминот оперативните служби заедно со службите на граничната полиција извршиле детална контрола, при што пронашле скриени десетици дози кокаин.

При претрес во неговиот стан, полицијата пронашла и запленила седум пакувања наркотична дрога кокаин, вкупно околу 710 грама, кои како материјални докази се одземени заедно со поголем износ парични средства, два мобилни уреди, електронска вага и возило „шарон“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во Тирана, најамалку 11 повредени

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски