Мал авион во текот на ноќта принудно слета во предградието на Париз, Франција, а три лица се повредени и пренесени во болница.
Тие поради повредите се хоспитализирани, но нивните животи не се во животна опасност. Пилотот решил принудно да слета по дефект на моторот.
Авионот се спуштил на улицата, но на крајот удрил во ѕидот на станбена зграда и застанал.
Делови од авионот паднале на покривот на блиската гаража, додека трупот на авионот бил смачкан од силината на ударот.
Опашката на авионот се одвоила од остатокот од авионот, а крилата биле откорнати.
За овој инцидент е отворена истрага.