Изнуда на пари бил мотивот на грабнувачите на Вања, ја убиле неколку часа по грабнувањето

Од:

Користољубие, односно изнуда на пари според Обвинителството е мотивот поради кои осомничените ја убиле 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Иако ова е мотивот кој го соопштија од ОЈО, сепак грабнувачите го убиле девојчето неколку часа откако ја киднапирале, односно околу 10 часот.

Засега од петмината осомничени, тројцата приведени ќе бидат однесени пред судија на претходна постапка, кој треба да им определи мерка притвор. Едно лице пак, е надвор од Македонија.

Истите лица се сомничат и за убиството на 74 годишниот бербер од Велес, Панче Жежовски.

„Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10 часот“, стои во соопштението на ОЈО.

Од таму додаваат и дека се издадени наредби за обдукции на телата на жртвите, а ќе се вештачат трагите и ќе се прибираат доказите од двете локации на кои беа најдени безживотните тела.

Би можело да ве интересира

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка