Како да се заштитат сродните права?

Од:

Македонската музичка индустрија (ММИ) во коорганизација со Меѓународната федерација за фонограмска индустрија на 26 септември во Александар Палас ќе организираат Балканска регионална конференција за легализација, спроведување и реализација на сродните права во Македонија и регионот. На конференцијата поединечно ќе се претстават состојбите во државите од регионот, како и практиките на спроведување на ЕУ директивите за заштита на правата и ефективно собирање на средствата од користење на фонограми.

Со донесениот закон за авторски и сродни права во 2010 година, ММИ доби дозвола од Министерството за култура со која тие колективно управуваат со сродните права на произведувачи на фонограми и уметници музички изведувачи. Со ова ММИ го има стекнато легитимитетот за колективно управување со сродните права во државава.

ММИ во 2003 година од Министерството за култура доби привремена лиценца за колективно остварување на правата на фонограмските продуценти во Македонија, а со ова Македонија беше првата земја во регионот која го регулира ова право. Сепак наредната година оваа привремена дозвола не е продолжена и ММИ прекинува со своите активности, чекајќи на усогласувањето со европските регулативи.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на Меѓународната федерација на фонограмска индустрија, потпретседателот на германската дискографска куќа Universal records GmbH, советникот на канцеларијата за авторски и сродни права од Брисел како и претставници на регионалните балкански организации за заштита на сродните права.

Меѓународната федерација на фонограмска индустрија е организација која ја претставува музичката индустрија во целиот свет, со 1300 членови во 66 земји и филијали на индустриски асоцијации во 55 земји. Оваа непрофитна организација е регистрирана во Швајцарија, со седиште во Лондон, а регионални канцеларии во Брисел, Хонг Конг и Мајами.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски