Стоилковски: Судот спротивно на Арсовска, констатира долг кон приватниците

Од:

Со инает и лажење не се води Град Скопје. Се негираше долг на ЈСП кон приватните превозници, за потоа по поднесена тужба долгот да се плати, а потоа со судска пресуда да се констатира и долг за затезни камати и судски трошоци вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– По поднесена тужба од нив, со сокриен договор, го исплаќа долгот, за во судскиот документ да се пресуди и потреба дополнително исплаќање на затезни камати, казни и судски трошоци цели еден ипол милион денари. Во судската пресуда се констатира долг на ЈСП над еден милион евра кон приватните превозници, и дека тој долг Данела Арсовска на рати го исплаќала кон приватниците. Со тоа, директно се побива тезата и ставот на Данела Арсовска дека не постои долг кон приватните превозници, што доведе до протести, блокирање на Скопје, нарушување на јавниот превоз, долгорочни проблеми со возниот ред, секако дополнително финансиско оптоварување на буџетот на ЈСП и на Град Скопје, којшто одвојува пари за функционирање на ЈСП, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ