Фатени 5000 криминалци, запленета дрога од 400 милиони евра – дилерите на мета на МВР

Од:

Македонската полиција според министерот Спасовски, во 2023 година ги има најдобрите резултати во последните 30 години. Недозволената трговија со дрога доби ефикасен и координиран одговор од страна на МВР, вели тој презентирајќи факти за акциите на МВР.

Од 2017 па сѐ до 2023, крајот на август, откриени се вкупно 4.702 кривични дела со вкупно 5.441 санкционирани сторители, најчесто по член 215 и 216 од Кривичниот законик.

Вкупно запленети наркотични средства во вредност од 426 милиони евра. Секојдневни акции, уапсени улични дилери, продавачи на наркотични дроги на територијата на целата држава.

Заеднички операции со државите во регионот и заедничките истраги на државите при разбивање на организираните криминални групи, како што беа акциите во Албанија и Грција кои дејствуваат во областа на недозволена трговија со дрога, при што се запленети 429 килограми кокаин.

Во периодот 2017-2023 имало три уништувања на запленета дрога – над 12 тони разновидна дрога.

СВР Скопје која покрива најголемо подрачје, територија од околу 1.800 km2 на која се протегаат 17 општини, бележи значајни резултати во борбата со недозволената трговија со дрога, при што ефикасноста во расчистувањето на кривичните дела изнесува 100%, а кај делата од областа на насилниот криминал евидентирана е ефективност од високи 59%.

 

Би можело да ве интересира

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски