Лавров за Бугарија: Луѓето во Македонија имаат право да бидат еднакви со сите во Европа, имам топли чуства за вас

Од:

Запрашан за односите помеѓу Бугарија и Македонија и барањето на источниот сосед да го измениме Уставот за да ги продолжиме преговорите со ЕУ, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров од Скопје порача дека луѓето во Македонија имаат целосно право да дејствуваат како еднакви со сите на континентот.

– Коренот на овие проблеми лежи во акциите на Западот да ја уништи Југославија. Пред неколку години Македонија имаше понижувачко име ФИРОМ, сега има друго име иако Македонија нема територијални претензии кон Грција. Се сеќавам на еден претседател во Собранието, не знам како се викаше, но тој објавуваше слики од својата канцеларија со знаме кое не беше македонско.

Да ве уверам дека јас имам топли чувства за Македонија и ако сум тука два дена, ги гледам луѓето на улица и гледам топлина и гостопримство – истакна Лавров од Скопје.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Лавров: Зеленски нема да одлучува за преговорите

Лавров: Ништо нема да се смени во украинската криза со доаѓањето на Трамп

Лавров за контактите меѓу Москва и тимот на Трамп: Подобро да разговараме отколку да се изолираме

Лавров: Русија ќе одговори во случај на агресија од НАТО или од земјите членки