Индиските спасувачки служби ги ослободија сите 41 градежни работници кои беа заробени во урнат тунел на Хималаите повеќе од 17 дена.
Hats off to the incredible rescue teams and volunteers in Uttarakhand for their relentless efforts! Your dedication and bravery have made a significant impact in challenging times. 🙌 #UttarakhandRescue pic.twitter.com/1YwrRV9duR
— Byomkesh (@byomkesbakshy) November 28, 2023
Евакуацијата на работниците со ниски плати од најсиромашните држави во Индија започна откако спасувачите се пробија низ урнатините на тунелот во државата Утараханд кој се урна на 12 ноември.
Тие беа извлечени на носилки на тркала низ челична цевка широка 90 сантиметри во операција која траеше околу еден час. Службите за итни случаи пристигнале порано на излезот од тунелот за веднаш да ги однесат работниците во болница оддалечена околу 30 километри.