Каевски: Мицкоски е за коалиција со Левица иако е анти ЕУ и анти НАТО партија

Од:

Јавно, во интервју на Канал 5 телвизија Мицкоски кажа дека е за коалиција на ДПМНЕ со Левица.

Ова е директна потврда на Мицкоски на она она што го говориме цело време и директно поврзано со коалицијата на ДПМНЕ и Левица.

Да го слушнеме и да го видиме што вели Мицкоски.

Почитувани граѓани, видовте и слушнавте.

И покрај тоа што Левица е анти-ЕУ и анти-НАТО партија Мицкоски вели “никогаш не треба да се вели никогаш“.

А за вредностите ќе седнел на маса и ќе преговара.

За кои вредности ќе преговара Мицкоски за брак со Левица?

За проруските вредности на Левица? Против НАТО ли ќе преговара Мицкоски?

Или за потпалувачката анти-ЕУ реторика?

Паднаа сите маски на ДПМНЕ.

Наутро ДПМНЕ праќа соопштение против Левица а попладне Мицкоски зборува за коалиција со нив.

Ова јавно принзание на Мицкоски ја покажа вистината за неговите политички дилови со Левица на штета на државните и национални интереси.

Мицкоски е во дил со партија која е против НАТО и ЕУ и фактор на дестабилазија, изолација и загрозување на европскиот пат на земјата, кажа на прес конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар