Српските тенисери во полуфиналето на Дејвис купот во Малага ќе играат против Италија.
Најпрво ќе се сретнат Миомир Кечмановиќ и Лоренцо Музети, а потоа спектаклот меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.
Голема прашина се крена поради песната „Веслели се српски роде“ која се пушташе при претставувањето на српскиот тим на мечот против Велика Британија.
Teniseri Srbije na teren ponovo izašli uz "Veseli se srpski rode" pic.twitter.com/eMh4exijIa
— B92 Sport (@b92sport) November 25, 2023
Дејвис Купот поради притисокот го избриша видеото од социјалните мрежи, но српските тенисери не се откажаа од намерата.
Српската репрезентација ја пушти таа песна за дуелот со Италијанците.