Генералштаб на Украина: Руските трупи напаѓаат во неколку правци

Од:

Руските сили во Украина извршиле напади во повеќе правци, а во изминатите 24 часа имало 64 судири, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Украинските сили одбија 11 руски напади во правец на Бахмут и продолжија со офанзивните операции јужно од тој град, пренесува Униан.

Руските војници, со поддршка на авијацијата, не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдеевка, но украинските војници ја држат линијата на одбраната, се наведува во соопштението.

Се додава дека украинските сили ги одбиле руските напади во правец на Купјанск, Маринка, Шахтјорск и Запорожје.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17