МНР ќе одлучува за доаѓањето на Лавров на самитот на ОБСЕ

Од:

На денешната Владина седница, Владата донесе дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација со која се ограничува пристапот на воздухопловот на Руската Федерација, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со која Република Северна Македонија е целосно или 100% усогласена.

Преку ова дополнување, Влада им пренесе овластување на надлежните министерства сами да можат да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржување на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година.

Дополнувањето е согласно регулативата на ЕУ и одредбите во самите рестриктивни мерки со кои за меѓународните конференции како што е ОБСЕ се предвидени исклучоци за предметните рестрикции.

Би можело да ве интересира

Лавров ја обвини Украина за обидот за атентат на рускиот генерал

Лавров: Во таен контакт сме со некои европски лидери, некои дури доаѓаат и тука

Лавров: Идејата дека Русија ќе ја нападне Европа е глупава

А1он

Лавров: Мирот во Украина би значел крај на политичката кариера на Зеленски

Лавров: Америка го растура светот

Лавров: Западот се изолираше, тие поттикнуваат антируска хистерија

А1он