Лавров: Европа не сака преговори, сака да го спаси режимот на Зеленски

Од:

Вистинската цел на европските лидери не е да преговараат со Русија, туку да го спасат режимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров нагласи дека вистинската намера е да се зајакне режимот на Зеленски и да се зачува како платформа за продолжување на конфликтот со Русија, пишува ТАСС.

„Вистинската цел на европските лидери затоа не е да преговараат со Русија. Тоа е да се зајакне режимот на Зеленски и да се зачува како отскочна даска за продолжување на конфликтот против Русија“, рече Лавров во својата статија насловена како „Украина, Европа и глобалната безбедност“.

Статијата на рускиот министер за надворешни работи требаше да биде објавена во бриселското издание на порталот Политико-Европа, но редакцијата го откажа објавувањето во последен момент, тврди руски ТАСС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Прва средба по повеќе од четири години: Лавров разговараше со германскиот шеф на дипломатијата Вадефул

Предраг Петровиќ

Лавров: Да не се повлечеа Американците, ќе живеевме во мир веќе една година

ВИДЕО: Запирање на јазичната дискриминација и на русофобијата, еден од клучните услови за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

Лавров ги обвини САД: „Нè враќаат во колонијалната ера“

А1он

Лавров: Односите со Будимпешта зависат од политиките на новата унгарска влада

А1он