Повторно масовно труење на бездомни животни во Радишани. Отровот е ставен на коски, во реонот кај зградите на ул. Скоевска, покрај пристапната патека до зграда бр.1, кај трансформаторот.
Ветеринар не можеше да ги спаси – екстремно силен отров уби две кучиња од голем раст за неколку минути и една мачка, сите локални миленичиња.
За овој настан е повикана полиција, од страна на Анима Мунди која излезе на лице место, заедно со инспектор и крим техника и превземени се сите предистражни мерки за евидентирање на настанот и собирање на материјалните докази.
Анима Мунди продолжува да ја нуди наградата од 500 евра во денарска противредност, за информации за сторителот, која ќе биде исплатена на секој оној кој ќе располага со конкретна информација, фотографија, доказ, и ќе биде волен да посведочи пред надлежните органи.