Фудбалската репрезентација на Македонија има водство од 1-0 против Англија по првото полувреме на дуелот на арената „Тодор Проески“. Стрелец на голот е Енис Барди, кој „од втора“ успеа да го надмудри Пикфорд, по пеналот што беше досуден откако Рико Луис со рака го удри Миовски во главата во шеснаесетникот.
🚨🚨| GOAL: Bardhi scores the rebound after his penalty gets saved!
North Macedonia 1-0 England pic.twitter.com/zm6OusBQXL
— TTS. (@TransferSector) November 20, 2023
Се вмеша и ВАР собата, го повика судијата Глова да го види дуелот, а тој покажа на белата точка.
Англичаните беа доминантни во поле, Деклан Рајс го погоди дирекот во 14.минута, но одбраната на Македонија под водство на голманот Столе Димитриевски делува релативно сигурно.