(ВИДЕО) Левица пак демолираше во Собрание: „На ова пудлициве од ВМРО сите им се лижат оти ќе прават Влада“

Од:

После инцидентот во кој пратениците на Левица, Борис Крмов и Димитар Апасиев го искршија мониторот на спикерот Горан Мисовски и гаѓаа со амандманите кои не им беа прифатени, седницата продолжи, а двајцата пратенции повторно побараа да се прекине седницата.

– Не можете амандмани кои вас ви одговараат, 12, а немате образложение. Прекинете ја седницата пред да ескалира, нема деловнички услови да се отвори точката.А ова пудлициве од ВМРО-ДПМНЕ кои тука седат, тие се тие кои ова го договорија, сите им се лижат мислејќи влада ќе прават, дури и ДУИ. Не знам зошто да се произнесам затоа што немам материјал. Кој е тој амандман бидејќи се 2.500 – истакна Апасиев.

Крмов повторно се јави за процедурално и искршениот монитор го фрли на земја.

– Прекинете ја седницата, додека се случува ова, не може да има седница. Ова значи дека секоја следна Влада ќе може што сака да прави. Прекинете ја, ескалиравме на опремата, не сме избрани да молчиме, не сме избрани за посрани привилегии кои ги имаме пратеници, туку да ги штитиме интересите на овој народ – рече Крмов по што му ја одзеде картичката на Мисовски со која тој може да зборува преку микрофон.

– Што е ова бе, вака ли ќе се носат закони, ова да не се повторел црн петок, 27 април. Испаѓа дека со вас нема реазбирааее. Ајде тепајте ме. Не ми даваш ти право, народот ми дава право. Ајде, ќе ескалираме – додаде Крмов.

Нервозен, побара уште еднаш да се прекине седницата, а Мисовски му рече дека му истекло времето. Потоа се качи на бирото на Мисовски и почна да фрла со амандмани. Потпретседателот повторно даде пауза од половина час.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

(ВИДЕО) Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик

Казна од 550 евра за лидерот на „Црвена младина“

(ВИДЕО) Левица тврди дека е приведен Андреј Куцуловски поради истакнување знаме на Палестина

Горан Наумовски

Левица: Државата не е способна ниту мизерниот 1% од концесиите да го наплати

А1он