(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Од:

„Нашата работа е за јавноста, а не за пред колегите“, „Ми се објавува ми се плаче“,„Не сме џубокс, ние сме новинари“, беа некои од пораките упатени од новинарскиот протест пред Граѓанскиот суд Скопје.

– Им се забранува на граѓаните да го кажат својот гласа и да ја кажат вистината. Затоа сакам да им порачам, не им успеало на никого досега и нема да успеат. Само ќе направат да бидеме посилни и да дојдеме тука да ја пратиме пораката и сакам да им кажам дека нема да застанеме и нема да замолчиме – порача Сеад Ризвановиќ од ТВ24.

Протестот го организираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат за новинари и медиумски работници (ССНМ) по објавувањето на пресудата за случајот „Феронвест против ИРЛ“ кој се однесува на тужбата за навреда и клевета против Истражувачката репортерска лабораторија.

Новинарите членови во синдикатот со самолепливи траки на усните симболично покажаа дека некој се обидува да ги замолчи и цензурира медиумските работници.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена