Пунктовите за лични документи во Скопје на 29 и 30 ноември со полно работно време

Од:

Закажаните термини на 29 и 30 ноември за фотографирање и замена на лични документи во Скопје ќе бидат реализирани. Министерството за внатрешни работи информира дека пунктовите за издавање лични документи тие денови ќе работат со полно работно време.

МВР ги известува граѓаните откако Владата завчера на седница донесе одлука поради Министерскиот состанок на ОБСЕ сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје, како и основните и средните училишта во главниот град, на 29 ноември (среда) да работат до 12 часот, а 30 ноември (четврток) за нив да биде неработен ден.

-Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, службите за граѓански работи ќе работат редовно, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини, информира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари