Претреси во Битола и Ресен, пронајдени оружје и муниција

Од:

Четириесет и едногодишен маж од ресенското село Штрбово бил приведен, а 76-годишен битолчанец повикан на разговор во полициска станица, откако полицијата кај нив пронашла оружје и муниција

-Полициски службеници од СВР Битола, со судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Ресен и Битола, поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот на К.Р.(41) во с. Штрбово, ресенско, биле пронајдени три пушки, три пиштоли различен калибар и поголемо количество на муниција, исто така, различен калибар. Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, информираат од МВР.

Во импровизирана работилница во Битола, сопственост на битолчанецот Б.Г.(76), биле пронајдени шест пушки (две ловечки, три воздушни и една импровизирана) и поголема количина на различни делови за оружје. Тој бил повикан на службен разговор во полициска станица.

– По целосно расчистување и документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот