Таравари: Алијанса за Албанците нема да оди со заеднички листи со ДУИ на претстојните избори

Од:

Последната одлука на партиското раководство на политичката партија Алијанса за Албанците (АА) е на претстојните избори да настапат самостојно, изјави лидерот на АА, Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарско прашање околу понудата на Али Ахмети за настап на Алијанса и ДУИ со заеднички листи на претстојните избори.

– Засега последната одлука на партиското раководство е на избори да одиме самостојно. Сепак оваа одлука треба да помине и на централното собрание што ќе се одржи до крајот на оваа година, некаде во декември. Дефинитивно, Алијанса за Албанците нема да оди со ДУИ со заеднички листи и тоа му го повторив на последната средба со Ахмети. Се подготвуваме за самостоен настап и го мобилизираме членството. Тоа е мој и став на претседателството, а дали ќе се смени, тоа ќе биде јасно по седница на највисокиот орган на партијата, рече Таравари.

Околу прозивките кои доаѓаат од академските кругови на Македонците дека прави раздор и оживува идеи кои не и носат добра иднина на државата, Таравари напомена дека како политичар има право да размислува и да артикулира решенија, а едно од можните е да се изгласаат уставните измени. Во спротивно, како што напомена, ќе се отворат прашања кои стануваат легитимни за дискусија.

Според него, овие прашања се наметнуваат во реториката која Левица и ВМРО – ДПМНЕ што ја користат во нивните настапи.

– Често ги анализираме состојбите и легитимно е за мене како политичар да ги истакнам дилемите со кои се соочувам. Очигледно е дека по толку смени на власта во која низ годиниве учестувале речиси сите партии, не успеавме да обезбедиме и да ја најдеме формулата добро владеење и затоа ни треба некаков надворешен фактор да нè контролира. Јас потполно се согласувам со претседателот Пендаровски кога вели дека ни треба нов устав и да се редефинираме како општество. Многу ни е важно да обезбедиме подобра иднина и просперитет, вели Таравари.

Тој повтори дека тоа го гледа во дводомниот парламент, поголемата фискална децентрализација, формирање на економско развојни реони кои подобро ќе ги решаваат потребите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он