Кривична пријава против Баножиќ за предизвикување сообраќајна незгода

Од:

Хрватската полиција ќе поднесе кривична пријава против поранешниот министер за одбрана Марио Баножиќ, кој предизвика сообраќајна несреќа во која загина едно лице.

Како што се наведува во полициското соопштение, поради сомнение дека вчера предизвикал сообраќајна незгода со прекршување на сообраќајните прописи, против 44-годишниот возач до Жупаниското државно обвинителство во Вуковар ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикувајќи сообраќајна незгода во патниот сообраќај, пренесува Index.hr.

Се додава дека од него биле земени примероци од крв и урина за анализа.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера го разреши Баножиќ. Несреќата се случи на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Баножиќ прво беше примен во болницата во Винковци, а потоа префрлен во КБЦ Осиек. Тој е на интензивна нега и има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите, но неговиот живот не е загрозен.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка, прекин на сообраќајот на патот Делчево-Пехчево-Берово

Тројца тешко повредени во вчерашната сообраќајка во Аеродром

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Сообраќајка во Аеродром, тешко повредена е 41-годишна жена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин