По случаите со салмонела во училиштата во Карпош, ќе се спроведат инспекциски контроли

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна ДПТУ “Ванила фоод” – ДООЕЛ Скопје и добавувачите на суровини за овој оператор, кој со храна снабдува неколку кујни на основни училишта во Општина Карпош, поради пријави на случаи со стомачни тегоби и лабораториски потврди на салмонела. Вчера, спроведен е вонреден надзор во кујните на основните училишта , “Владо Тасевски,, и “Димо Хаџи Димов”, а денес со вонредниот надзор, опфатени ќе бидат училиштата “Јан Амос Коменски” и “Војдан Чернодрински”.

-Превентивно, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведат вонредни инспекциски надзори во кујните на сите училишта во оваа општина кои со храна ги снабдува овој оператор, поточно и оние училишта каде нема потврдено случаи на заразени ученици со салмонела. По завршување на вонредниот надзор и по добивање на резултатите од лабораториските тестирања, јавноста ќе биде известена за резултатите и причинителот – вели Николче Бабовски, директор на АХВ.

Би можело да ве интересира

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни

А1он

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Катерина Ѓуровски

Месарниците во земјава се под лупа на инспекторите, велат од АХВ

А1он