ВИДЕО: Израелски булдужер тргна да руши куќа на Палестинец, следуваше силна екплозија

Од:

Булдужер на израелските одбранбени сили (ИДФ) наишол на експлозив додека се обидувал да урне куќа на Западниот Брег. „Инженерските сили открија експлозиви наменети да им наштетат на нашите сили во бегалскиот камп во Џенин“, се вели во ажурираната објава.

Се појави и видео на кое се гледа моментот кога еден од булдожерите наидува на експлозија. Следеа судири, при што ИДФ употреби дрон за да ги елиминира „вооружените Палестинци“. Дополнителни извештаи велат дека двајца Палестинци биле убиени во судирите кои следеле, иако тоа не е потврдено.

На локацијата каде што се случи експлозијата беа испратени булдожери по наредба на израелската централна команда да ја урне куќата на Дауд Фаиз. Израелците тврдат дека Фаиз убил израелски војник откако удрил со неговиот автомобил во него на почетокот на оваа година.

Уривањето на семејните домови е израелска казна, особено користена во таканаречените „терористички“ случаи. Израелскиот комитет против рушење на домот проценува дека Израел урнал 55.048 палестински објекти од 2022 година, пишува Sky News.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

Макрон: Треба да се запре продажбата на оружје што се користи во Газа

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа