Стотици пропалестински демонстранти се собраа во пристаништето Такома, во државата Вашингтон, за да го блокираат воениот брод за кој веруваат дека доставува оружје во Израел.
Како што пишува Ал Џезира, тие стравуваат дека оружјето ќе биде употребено во војната против Газа, каде што веќе се убиени повеќе од 10.000 Палестинци.
“VAMOS BLOQUEAR, BLOQUEAR, BLOQUEAR O BARCO”
Manifestantes que bloqueiam o porto de Tacoma, Washington, para impedir que grandes carregamentos de armas para o estado genocida sionista de Israel deixem suas docas. pic.twitter.com/E20FyS4QHC
— Antônio Silva (@toninhos_s) November 7, 2023
„Сакаме прекин на огнот. Сакаме да престане убивањето на луѓето. Сакаме ревизија на американската надворешна политика и американското финансирање на Израел“, рече Васем Хаиг, еден од демонстрантите на митингот во Такома.
Џеф Јургенсен, портпарол на Пентагон, рече дека бродот навистина се користел за транспорт на „американски воен товар“, но одби да даде повеќе информации.
„Поради оперативна безбедност, (американското Министерство за одбрана) повеќе не објавува податоци за товарот натоварен на бродови или нивното движење“, напиша тој.