Музејот на УЧК што го отвори Ахмети нема дозвола: полн е со карти на „Голема Албанија“ и борци на УЧК од 2001

Од:

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски вели дека до општината не стигнало никакво барање за дозвола околу отворање на меморијален комплекс на УЧК во кумановското село Сопот.

„ За музеј или спомен обележје, има строга постапка дефинирана според закон, како се отвора такво нешто. Во моментов немам никаква информација, ниту некој се обратил до општина Куманово за да побара каква било дозвола“, вели Димитриевски.

Општина Куманово не издаде никаква дозвола за музеј на УЧК, дециден Димитриевски

Во кумановското село Сопот, викендов, лидерот на ДУИ Али Ахмети го отвори меморијалниот центар на УЧК. на отворањето меѓу другото изјави дека најпрво сакале да ја направат Албанија да нема граница, но политиките се смениле и избрале албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари во оваа земја.

„Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. ние избравме албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари во оваа земја и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. еве ја крвта на стотици војници, патриоти и албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен“, изјави Ахмети.

Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија. меѓу музејските експонати е и знамето на „голема Албанија“, во чии рамки се голем дел од Македонија, Србија и Грција. пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „голема Албанија“.

Фотографиите од отворањето на својот фејсбук профил ги објави самиот Ахмети, што предизвика лавина реакции.

Фотографиите се величење на терористичките акции во 2001 година, смета професорката Мирјана Најчевска за објавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според неа, ахмети е мафијаш, а не националист.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи