Групацијата Хилтон е највредниот хотелски бренд во светот, со проценета вредност од 11,7 милијарди долари, според Brand Finance.
На второто место на рангирањето на Brand Finance за највредни хотелски брендови е Хајат, со вредност од 6,1 милијарди долари.
На трето место е и американскиот бренд Хемптон со проценета вредност од 4,3 милијарди, четврти е Мериот (3,1 милијарди долари), а топ 5 ја комплетира кинеската групација Шангри-Ла која вреди 2,1 милијарди долари.
Од седмо до деветто место, се повторно резервирани за американските хотелски компании: DoubleTree (2 милијарди долари), Sheraton (1,6 милијарди долари) и Embassy Suites (1,4 милијарди долари).
Топ 10 го заклучува британскиот InterContinental кој вреди 1,2 милијарди долари.