Околу 1,8 милиони евра е досегашната загуба на еден од поголемите хотели во Скопје поради коронавирусот

Од:

Околу 1,8 милиони евра е досегашната загуба на еден од поголемите хотели во Скопје поради состојбата со вирусот корона. Откажани се сите резервации и букинзи за настани до 30 јуни годинава.

Како што вели сопственикот на хотелот и претседател на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) за МИА, Ајдован Адемоски, ова се само првичните проценки за штетите. Ударот што го нанесува коронавирусот врз стопанството и посебно врз туризмот, допрва ќе се пресметува.

Тој апелира на потребата од итна поддршка во секторот. Стравува дека поради големите инвестиции и кредитните задолжувања, компаниите нема да го издржат притисокот, па можни се не само отпуштања на вработени, туку и згаснувања на бизнисите во целост.

– Бараме разбирање од Владата и во договор со неа, како и со Централната и комерцијалните банки, да се стави мораториум на нашите кредитни обврски. Сега, всушност, ни е најнеопходна поддршка. Потребно ни е и одложено плаќање или субвенционирање на придонесите за да ги сочуваме работни места. Доколку немаме разбирање и поддршка од Владата за премостување на тешкотиите кои се „виша сила“, се плашам дека ќе бидеме уназадени до гасење на бизнисите, истакнува Адемоски.

Според него, одржувањето на тековната ликвидност, на работните места и на мрежата добавувачи се засега приоритет во секторот туризам.

-Во некои земји државата субвенционира бруто доход на вработенте за половина работно време. Во САД, пак, до крајот на годината економските оператори се ослободени од плаќање придонеси за пензиско и здравствено осигурување, а каматите времено се намалуваат за 50 отсто. Има разни фискални и други механизми кои веќе се применуваат, само треба да се разгледа нивната применливост кај нас, напоменува бизнисменот и претседател на МАТТО.

Здравјето на луѓето, потенцира, е секако приоритет, но мора да се укаже и на несогледливите последици од вирусот и во економијата.

-Туризмот, транспортот и логистиката се најранливи во овој момент. Тоа го препознаа и членките на ЕУ. Затоа и дел од мерките за поддршка што Европската комисија треба да ги објави во понеделник, ќе се однесуваат и на овие сектори, покрај јавното здравство, малите и средните преторијатија и пазарот на трудот, вели Адемоски.

Дополнува и дека МАТТО целосно ги поддржува предложените мерки од туристичките комори доствени до Министерство за економија.

-Го поддржуваме и предлогот да се назначи лице за контакт со реалниот сектор заради координација на решвање на проблемите во настаната ситуација. Транспарентност, иницијативност, промптност и соработка за нас, економските оператори и институциите е единствен начин да преживеат бизнисите. На Кина и требаше шест недели да се справи со болеста, да се надеваме дека во регионот нема тоа да трае подолго, истакнува Адемоски во разговорот за МИА.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Топ 10 највредни хотелски брендови во светот

Предраг Петровиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември