Пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, во рамките на анкетната комисија за случувањата на клиниката за онкологија истакна дека во текот на вчерашниот ден Мицкоски презентираше извештаи што го опфаќаат периодот до август 2023, наводно добиени од своркачи.
Она што сакам да го констатирам и да прашам и да ја информриам јавноста дека овој докуметн што е презентиран во јавноста најверојатно е доставен од страна на анкетната комисија, затоа што таков документ имаме добиено во рамките на нашата работа и е доставен до министерството за здравство, државниот завод за ревизија и ОЈО, рече Коциќ.
Тој додаде дека добивањето од страна на свиркачи е под прашалник, бидејќи најверојатно го добил од некој од членовите од опозицијата од анкетната комисија и дека не е е точно дека го опафаќа периодот до август 2023 година, бидејќи не постои извештај кој го опфаќа пердидот до август 2023.
Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата на онкологија и прашање е која е е неговата цел. Дали дополнително сака да ја вознемирува јавноста, пред се пациентите, кои се многу вулнерабилни во однос на ова прашање или сака да ја заботира истрагата, започната за прв пат после 20 години со откривањето на овие проблеми од МВР и секако, вклучување на ОЈО, нагласи Коциќ.
Дали лидерот на опозицијата може да влијае на истагата или да ја загрози истрагата и дали има оговорност за презентација на документи доставени до анкетната комисија, го запраша пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во својсвто на сведок.