Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

Од:

Бугарија од денеска ќе наплаќа за рускиот природен гас кој Газпром преку Булгаргас ќе го дистрибуира во Македонија, Србија и Унгарија, а тоа за нас ќе значи и повисока цена на електричната енергија и на парното греење доколку не се најде ново решение.

Оваа давачка е всушност санкција на Бугарија кон Русија. Таксата изнесува нешто над 10 евра за мегават час природен гас. За оваа такса Бугарија доби и дозвола од Европската комисија за да ги користи парите за потребите на земјата. Бугарија очекува 1,5 милијарди евра годишен приход од таксата.

„Таксите што Бугарија ги наплаќа за транзит на руски гас во Србија, Унгарија и Македонија се национална мерка и затоа е на Бугарија да одлучи каде ќе ги распредели приходите“, соопштија од ЕК.

Владата реагираше до Европската комисија и оттаму чека одговор, но и од Европската енергетска заедница каде се испратени дописи за овој нов проблем кој ја засега државата, откри премиерот Димитар Ковачевски.

– Реагиравме со министерот Крешник Бектеши во Европската комисија дека ова е такса која не треба да биде воведена со оглед на тоа дека целокупниот капацитет на влезната страна на гас е даден од страна на Бугарија на Газпром. Тоа значи дека ваква такса кај нас ќе предизвика зголемување на цената на на електричната енергија и на затоплување за 20%. И затоа побаравме капацитетите да се ослободат за да може Македонија да набави гас од други извори гас кој нема да виде руски гас и нема да биде оптеретен со оваа такса. Се водат преговори за да може ова да биде направено. Ние лани успеавме да договориме ослободување на капацитетот за да донесеме азербејџански гас, се надевам дека ќе се договориме и сега со Бугарија – рече премиерот Ковачевски.

Земјава годишно троши околу 450 милиони метри кубни природен гас. Со природен гас се произведува и парното во Скопје, но од Регулаторна комисија потенциираа дека нема да има ново промена на цената во случај да не се најде позитивно решение во однос на таксата која ја наметна Бугарија за дистрибуција на природен гас.

Минатата недела, Министерот за економија, Крешник Бектеши, ќе бара отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија откога Бугарија воведе такса за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија.

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Ковачевски: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите