Во домот на Метју Пери немало наркотици, но имало многу лекови: ќе се прави токсиколошка анализа

Од:

Во домот на актерот Метју Пери кој почина на 54-годишна возраст не биле пронајдени наркотици. Меѓутоа, пронајдени се разни лекови кои може да се набават само на рецепт, изјавија денеска извори од полицијата за американскиот портал ТМЗ.

Иако нагласија дека во просториите нема недозволени наркотици, во куќата биле пронајдени неколку лекови на рецепт, каде што Пери во саботата почина во неговото џакузи.

Властите пронашле антидепресиви, лекови против анксиозност и лекови за ХОББ во куќата на Метју Пери.

ХОББ е кратенка за хронична опструктивна белодробна болест – а лекот често се користи за луѓе кои имаат емфизем или хроничен бронхитис. Метју бил доживотен пушач.

Судскиот лекар од округот Лос Анџелес ќе изврши токсиколошки преглед за да утврди дали имало лекови во организмот на Пери, но тоа може да потрае со месеци, пишува ТМЗ.

Би можело да ве интересира

Мајката на Метју Пери проговори: Имаше претчувство дека ќе умре

Предраг Петровиќ

Омилениот Џои од „Пријатели“ снимен во јавност после долго време, актерот тешко се препознава

Предраг Петровиќ

Еден од обвинетите за смртта на Метју Пери се изјасни за виновен

Повеќе луѓе би можеле да бидат обвинети за смртта на Метју Пери

Предраг Петровиќ

Уште една славна личност вмешана во смртта на Метју Пери: „Тие беа движечки аптеки“

Предраг Петровиќ

Повеќе луѓе вмешани во смртта на Метју Пери?

Предраг Петровиќ