(ВИДЕО) Онлајн медиумите и социјалните мрежи се најчест извор на граѓаните на информации за политика

Од:

Социјалните мрежи, односно онлајн медиумите се најчестите извори за информирање на граѓаните со политички теми и теми поврзани со евроинтеграциите, покажаа резултатите на истражувањето на јавното мислење кое го направи Центарот за европски стратегии „Евротинк“, „Еврометар 2023“.

Над 50 посто, односно 56,5 проценти од македонските граѓани се информираат преку интернет, а најчесто користени извори се социјалните мрежи и порталите.

Најголем дел од граѓаните или 90,3 проценти како извор на интернет за политички теми ги користат социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб, Подкаст), потоа 28,3 од онлајн портал – медиум, а само 13,8 отсто од онлајн платформа на постоечките радио станици или тв канали.

43,5 отсто од граѓаните се информираат преку телевизија, 12,5 проценти од пријатели/фамилија и 1,8 отсто преку радио. Околу 13,4 проценти од испитаниците одговориле дека не се информираат.

Виолета Глигоровска од Евротинк – Центарот за европски стратегии, посочи дека граѓаните можеле да изберат повеќе одговори на ова прашања, па така како прв избор социјалните мрежи биле за 81,6 отсто од испитаниците, за 16 проценти онлајн медиумите, а 2,3 отсто некоја онлајн платформа на постоечките радио станици или тв канали. Онлајн медиумите се втор избор за 53,1 отсто од испитаниците, потоа следат социјалните мрежи за 41,6 проценти од испитаниците. Онлајн платформите на постоечките радио станици или тв канали е трет избор за 94,8 отсто од испитаниците.

Анкетата е спроведена во текот на септември 2023 година на репрезентативен примерок од 1003 испитаници, од страна на агенцијата БРИМА на повеќестепен стратификуван случаен примерок на популација 18+ години, дизајниран според податоците објавени од Државниот завод за статистика и се базира на податоци од Пописот 2021.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

Штипјанец преку социјалните мрежи и упатувал закани на поранешната сопруга

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Здружението Онлајнмедиа бара и предлага конкретни решенија за законска регулација на онлајн медиумите

Катерина Ѓуровски