Турција го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

Од:

Турскиот парламент донесе закон со кој се забранува користењето на социјалните медиуми од страна на лица под 15 години. Според одлуката, лицата под 15 години нема да можат да отвораат профили на социјалните медиуми, а дигиталните платформи ќе мора да имплементираат системи за верификација на возраста.

Социјалните мрежи ќе мора да обезбедат јасни, разбирливи и едноставни алатки за родителска контрола, објави ТРТ Хабер.

Алатките за родителска контрола ќе вклучуваат механизми за контрола на поставките на сметката, подложување на трансакции базирани на надоместоци, како што се купувања, изнајмувања и платени членства на родителска дозвола или одобрување, како и следење и ограничување на времето на користење.

Давателите на услуги за социјални медиуми исто така ќе бидат обврзани да преземат мерки за спречување на заведувачко рекламирање.

Странските платформи за игри со повеќе од 100.000 дневни корисници од Турција ќе бидат обврзани да назначат претставник во Турција за да обезбедат усогласеност со прописите и законите.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он