ИФИМЕС: Бугарија ги користи тензиите меѓу Србите и Албанците за да „најде“ што повеќе Бугари во Косово

Од:

Додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово и да им даде државјанство. Особено на удар се Бошњаците и Горанците, чиј број значително ќе се намали поради агресивноста на Бугарија, која од нив создава „нови Бугари“ токму со доделување државјанства и бугарски документи, оценува Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, во анализатата „Србија – Косово 2023: Војна на дезинформациите“.

ИФИМЕС наведува дека Косово не е подготвено да спроведе попис на населението во согласност со стандардите на ЕУРОСТАТ во периодот од 1 ноември до 15 декември 2023 година. Иако според методологијата на ОН при пописот на населението не е задолжително да се каже етничката и верската припадност, во Косово, но и во регионот, тоа изјансување е од најголем (национален) интерес.

– Бугаризацијата на Косово се интензивираше токму поради пописот, бидејќи Бугарија сака преку пописот да го легализира присуството на Бугарите во структурата на косовското население, а следен чекор е да ја вклучи бугарската заедница во уставот, како што веќе се барајќи од Република Северна Македонија. Целта е Бугарите и официјално да станат еден од т.н немнозинските заедници во Косово, се истакнува во анализата на ИФИМЕС.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина