Ако се отвори северен фронт ќе ги збришеме Иран и Либан се закани израелски министер

Од:

Министерот за економија на Израел Нир Баркат упати закана до Иран и Либан, велејќи дека неговата земја ќе ги избрише од лицето на Земјата доколку Хезболах отвори северен фронт во војната против Хамас.

Планот на Иран е да го нападне Израел на сите фронтови.

„Ќе се погрижиме да платат висока цена ако, не дај Боже, го отворат северниот фронт. Либан и Хезболах ќе платат висока цена, слично како што ќе плати Хамас. Но, тоа не е доволно“, рече тој. „Многу јасната порака е дека ќе ги нападнеме и лидерите на Иран. Кога ќе го направиме тоа? Кога ќе одлучиме“, рече тој.

„Израел има многу јасна порака до нашите непријатели. Ние им кажуваме, погледнете што се случува во Газа – ќе го добиете истиот третман ако не нападнете. Ќе ве избришеме од лицето на Земјата“, додаде тој на крај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии