Германска министерка: Мора да ги депортираме поддржувачите на Хамас

Од:

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека приврзаниците на Хамас треба да бидат депортирани од земјата, во случаи каде што е тоа можно. Таа најави дека властите внимателно ќе ги следат потенцијалните исламистички напаѓачи. Зградата на еврејската заедница во центарот на Берлин, во која има и синагога и градинка, беше нападната со молотов коктел ноќта меѓу вторникот кон средата.

Канцеларот Олаф Шолц тогаш најави зајакнување на безбедносните мерки околу објектите на еврејската заедница во Германија, пренесува Гардијан. „Ако можеме да ги депортираме поддржувачите на Хамас, мораме да го направиме тоа“, им рече Фезер на новинарите по разговорот со претставници на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција.

„Нашите безбедносни власти во моментов се уште повеќе фокусирани на исламистичката сцена“, додаде Фезер. Таа го наведе неодамнешниот напад во Брисел како пример за закана што настана поради тензиите предизвикани од конфликтот меѓу Израел и Хамас. Напаѓачот во понеделникот уби двајца шведски државјани во главниот град на Белгија.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Вашингтон му нуди на Израел разузнавачки информации за лидерите на Хамас во замена за откажување од нападите врз Рафах