Хамас му даде понуда на Израел

Од:

Би-би-си потврди дека Хамас понудил да ослободи некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот. Израел се уште не се согласил на тоа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија нови информации за статусот на заложниците. Тие велат дека повеќето од заложниците се живи. „Повеќе од 20 заложници се помлади од 18 години, додека 10-20 од нив се постари од 60 години“, соопштија тие.

ИДФ соопшти дека бројот на исчезнати е меѓу 100 и 200 лица, додека портпаролот на военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, во видео изјава во понеделникот рече дека бројот е најмалку меѓу 200 и 250.

Портпаролот Абу Обаид рече дека бригадите Ал-Касам држат околу 200 заложници, додека останатите ги држат други „милитантни формации“ во Газа, додавајќи дека не може да го одреди точниот број на заложници поради постојаното израелско бомбардирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хезболах го нападна Израел, четворица војници загинаа, 60 се ранети

Харис: Израел мора да стори повеќе за да го олесни протокот на помош за Газа

ВИДЕО: Израелците со тенкови упаднале на позициите ОН во Либан, 15 мировници повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Предупредување од Иран до американските сојузници: Не им помагајте или вие сте следни

Катерина Ѓуровски

САД се погласно најавуваат распоредување на THAAD системот во Израел

Итно свикан кабинетот: Почнува одмаздата кон Иран

Предраг Петровиќ