ВИДЕО: Израел испрати предупредување, половина час подоцна срамни со земја цела наслеба

Од:

Израел срамни кварт во северниот дел на Газа, откако на семејствата кои беа таму им даде получасовно предупредување да бегаат, поради претстојната израелска копнена инвазија на Појасот Газа.

Во Захра, град на северот, жителите рекоа дека цела населба од околу 25 високи згради е срамнета со земја. Добиваа израелски предупредувачки пораки на мобилните телефони за време на појадокот, но десет минути подоцна имаше мал напад со беспилотно летало, а половина час по првичното предупредување, борбени авиони Ф-16 ги срушија зградите во огромни експлозии и облаци од прашина.

„Сè што некогаш сум сонувал и мислев дека сум постигнал го нема. Во тој стан беше мојот сон, моите сеќавања со моите деца и мојата сопруга, тоа беше мирисот на сигурност и љубов“, рече Али, жител на областа, во телефонски разговор со Ројтерс, одбивајќи да го даде целото име поради страв од одмазда.

Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања соопшти дека повеќе од 140.000 домови – речиси една третина од сите домови во Газа – се оштетени, а речиси 13.000 се целосно уништени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“