Израел го повлече целиот свој дипломатски персонал од Турција поради безбедносни причини.
Повикувајќи се на неименувани турски дипломатски извори, „Тајмс оф Израел“ пишува дека израелските дипломати, вклучително и амбасадорката Ирит Лилијан, веќе ја напуштиле Турција, но дека нивното повлекување воопшто не е политичко прашање, туку во суштина безбедносно прашање.
Освен тоа, порталот пренесува дека загриженост за сопствената безбедност изразиле и израелски дипломати во Јордан, Мароко и Бахреин.
На почетокот на оваа недела, Израел ги повика своите граѓани да ја напуштат Турција од безбедносни причини.
Повлекувањето на дипломатите од Турција се случи откако некои пропалестински демонстранти се обидоа да упаднат во резиденцијата на израелскиот амбасадор во Анкара, како и во зградата во која се наоѓа израелскиот конзулат во Истанбул.