А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Брисел го поздрави потпишувањето на Меморандумот за ЕУ во Македонија

by А1он17/09/2013 - 09:18199
Share0

Европската комисија доцна синоќа го поздрави потпишаниот Меморандум за стратешката цел – членство во Европската унија на Република Македонија, кој го потпишаа сите партии, освен ДПА и Либералната партија, што се претставени во македонскиот Парламент.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во неформалната Влада на Унијата се уште го проучуваат текстот на Меморандумот, но не кријат дека е одличен потег на патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

– Ние сме свесни за потпишувањето на Меморандумот и во моментов го проучуваме текстот. Во принцип, Комисијата ги охрабрува и поздравува меѓупартиските договори за ЕУ-агендата, како и превземените чекори што водат кон инклузивна соработка на сите засегнати страни со цел да се исполни стратешката цел на европската интеграција. Овој Меморандум, исто така, го поздравуваме и како дел од спроведувањето на договорот од 1 март, вели портпаролот на Комисијата, Петер Стано, во изјава за МИА.

Овој потег на македонските политички партии доаѓа во време на финализација на прогрес-извештајот на ЕК, кој е најавено дека ќе биде објавен на 16-ти октомври. Извештајот, се очекува да содржи нова, петта по ред препорака за членство на Република Македонија во Унијата.

Синоќа, потпишувањето на Меморандумот за ЕУ во Македонија го поздрави и известувачот за земјата во Европскиот парламент, Ричард Ховит, нарекувајќи го “позитивен сигнал дека домашната политичка дебата може да биде тргната настрана од прашањата што би можеле да предизвикаат нови блокади во процесот на зачленување во Унијата”.

Следете a1on на Youtube YouTube
EKeu

Би можело да ве интересира

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

Горан Наумовски08/08/2026 - 17:58

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Горан Наумовски03/08/2026 - 21:51

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

Горан Наумовски30/07/2026 - 13:51

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео