Се враќаат границите во ЕУ поради мигранти – По Германија и Австрија и Чешка воведоа контроли

Од:

Австрија најави построги контроли на границата со Чешка поради бранот илегални мигранти. Новите контроли на чешката граница ќе бидат во сила најмалку 10 дена.

Потегот е преземен откако Германија пред два дена најави гранични контроли за да се справи со приливот на илегалните мигранти. Германија воведе гранични контроли со Полска, Швајцарија и Чешка, а ги прошири и граничните контроли со Австрија.

Во последниве месеци, бројот на нелегални влезови во Германија е зголемен, особено преку источната рута што води низ Полска и Чешка. Дел од бегалците, Белорусија и Русија намерно ги префрлаат преку границите со цел да се дестабилизира Европската Унија, велат од министерството за внатрешни на Германија.

Од почетокот на јануари до крајот на септември, 233.744 луѓе побарале азил во Германија, што е за 73% повеќе во однос на истиот период лани.

Пред некој ден, по извесно двоумење, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер ја извести Европската комисија за воведувањето физички проверки на границите со Полска, Чешка и Швајцарија. Набргу потоа беа извршени првите проверки директно на границата.

Според Фесер, мерката има за цел да ја ограничи илегалната миграција и да се бори против трговијата со мигранти. Од 2015 година, Германија ги проверува и луѓето кои влегуваат во Баварија од Австрија.

Минатата недела, Полска, Чешка и Австрија ги продолжија привремените проверки на нивните граници со Словачка до почетокот на Ноември. И Швајцарија го задржа правото да преземе дополнителни мерки.

И неколку други држави од Шенген зоната веќе го известија Брисел за вакви планови. Така Франција има воведено проверки на границите со Белгија, Луксембург, Германија, Италија, Шпанија и Швајцарија поради ризикот од тероризам и нелегалната миграција преку медитеранската и балканската рута. Сепак, Французите не проверуваат насекаде деноноќно, туку селективно и приспособено на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин