ВИДЕО: Хамас објави снимка од заложниците, кажа под кои услови ќе ги ослободи

Од:

Хамас го објави првото видео од заложниците што ги зеде. На видеото се гледа млада жена за која Хамас тврди дека е заложничка во Газа, јавуваат израелските медиуми

Лице идентификувано како 21-годишна девојка која беше киднапирана од музичкиот фестивал „Супернова“ на 7 октомври. „Ве молам извлечете ме одовде што е можно поскоро“, вели девојката во видеото.

Хамас ги објави и условите за ослободување на повеќе од стотина заложници што ги зедоа. Бара ослободување на 6.000 мажи и жени затворени во израелските затвори. Калед Мешал, шеф на канцеларијата за дијаспора на Хамас, го поднесе ова барање. Меѓу заробениците на групата, рече тој, се и високи офицери на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски