Кина: Она што го прави Израел не е самоодбрана

Од:

Активностите на Израел во Газа отидоа „надвор од опсегот на самоодбрана“ и израелската влада мора „да престане со колективното казнување на луѓето во Газа“, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Тој го изјави ова во телефонски разговор со неговиот саудиски колега, принцот Фајсал бин Фархан, во време кога Израел изгледаше подготвен за копнена офанзива во Газа против Хамас, пренесува АФО.

„Израел треба сериозно да ги послуша повиците на меѓународната заедница и генералниот секретар на ОН и да престане со колективното казнување на луѓето во Газа“, додаде тој.

Ова се досега најострите коментари на официјален Пекинг за последниот конфликт меѓу Израел и Хамас.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“