Израелски форензичари за жртвите на Хамас: Видовме дете со отсечена глава

Од:

Воени форензички тимови во Израел ги прегледале телата на жртвите од минатонеделниот напад на Хамас врз заедниците околу Појасот Газа и пронашле повеќе знаци на тортура, силување и други злосторства, соопштија синоќа полицајците. Околу 1.300 тела се однесени во воената база во Рамла во централен Израел каде специјалистички тимови вршат форензички проверки за да го утврдат идентитетот на загинатите и околностите на нивната смрт.

Идентификувани се околу 90 отсто од воените жртви, а тимовите се на половина пат за идентификација на цивилите, рече рабинот Израел Вајс, поранешен главен воен рабин, еден од официјалните лица што го надгледуваат идентификацијата на загинатите. Тој рече дека многу од телата биле пронајдени со знаци на тортура, како и силување.

„Видовме распарчени тела со отсечени раце и нозе, луѓе на кои им беа отсечени главите, дете на кое му беше отсечена главата“, изјави за новинарите резервниот офицер, идентификуван само како Авигаил.

Таа рече дека со вештачење биле утврдени неколку случаи на силување на телата кои биле чувани во контејнери за ладење. „Правиме идентификација со сите средства што ги имаме“, рече армиски стоматолог, идентификуван како капетан Маајан. „Ги гледаме во тешки фази на злоупотреба. Препознаваме истрели и знаци на чиста тортура.

Воениот персонал кој го надгледуваше процесот на идентификација не достави никакви форензички докази во форма на слики или медицински досиеја. Хамас, исламистичкото движење кое го контролира Појасот Газа, ги отфрли обвинувањата за злоупотреба.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски