Милитантната либанска проиранска организација Хезболах денеска ја презеде одговорноста за нападот врз позициите на израелската армија во спорната област на ридот Дов на границата со Либан.
Хезболах објави дека истрелал минофрлачки и противтенковски наведувани проектили врз позициите на израелската армија, пишува Тајмс оф Израел.
BREAKING: Hezbollah launched multiple rockets from Lebanon into Israel.
IDF responded with tank fire. The northern front is becoming increasingly intense. pic.twitter.com/G64BlMlRVa
— Hananya Naftali (@HananyaNaftali) October 14, 2023
Израелските одбранбени сили претходно објавија дека денеска од Либан биле испукани неколку минофрлачи врз позициите на израелската армија во спорната област на планината Дов.
Израелските одбранбени сили возвратија со оган и го гаѓаа „изворот на минофрлачки оган“ во Либан.
Деталите за инцидентот се под истрага, соопштија израелските одбранбени сили, без да соопштат информации за потенцијални жртви.
Израел во изминатите неколку дена постојано разменува оган со шиитскиот Хезболах и сојузничките палестински фракции во Либан.